Хрватскиот сеизмолог Томислав Фикет истакнал дека земјотресите би можеле да траат уште две години.
Ова предупредување стигнало откако вчера повторно земјотрес од 3,8 степени според Рихтер ја погоди областа Петриња.
Интензитетот во епицентарот бил на петто ниво според ЕМС-скалата, а земјотресот се почувствуваал во пошироката околина на Петриња, Сисак и Глина, јави ХРТ.
„Овој потрес беше на длабочина од осум километри, така што на хрватското подрачје тоа е очекувана длабочина на земјотрес. Се почувствувал во пошироката област. Веројатно ги вознемирил граѓаните бидејќи на сите им е доста од земјотреси, и се надевале дека оние посилните се зад нас. Меѓутоа, ние постојано нагласуваме дека оваа серија земјотреси може да трае две години. За жал, земјотресите се тука и уште некое време ќе бидат“, истакнал Фикет во Дневникот на ХТВ.
По земјотресот, следувал уште еден со интензитет од 2,3 степени.