Премиерот Христијан Мицкоски најави дека известувањата и казните од системот „Безбеден град“ ќе бидат целосно прилагодени на Законот за употреба на јазиците. Овој потег има за цел да го спречи користењето на проектот за собирање политички поени преку националистичка реторика.
Тој порача дека МВР ќе ги прилагоди опомените и информациите за прекршоци согласно законските прописи за јазиците за да се елиминираат етничките дилеми.
Како што рече, на 27 јануари се регистрирани околу 8.000 прекршоци, од кои дури 75% се во Скопје, додека во Тетово и Куманово по 6,5%. Регистрирани се и возила кои се движеле со брзина од 196 км/ч.
Мицкоски нагласи дека целта не е само казнување, туку спасување животи и намалување на бројот на прекршоци, кој веќе бележи пад од почетните 108.000 на сегашните 8.000.
