Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според него, полицијата пронашла технички начин за автоматска идентификација на мотоцикли кои возат со недозволена брзина и ги прекршуваат правилата.

„Ексклузивно, од вчера е започнато со детектирање и автоматско ловење и на мотоциклите на територијата, таму каде што го имаме имплементирано Безбеден град“, изјави Тошковски.

Тошковски порача дека сите несовесни возачи отсега ќе бидат автоматски санкционирани, а првите официјални бројки за казнети мотоциклисти се очекуваат во текот на денешниот ден.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни