Сексуалните работнички денеска по 12. пат маршираа во Скопје во организација на Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР, во рамки на кампањата за одбележување на 17-ти декември, Меѓународен ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.
– „Во анализите кои ги покажуваат истражувањата спроведени директно на терен од страна на граѓанските организации во 2018-та година, документирани се 100 случаи на насилство, работници не се безбедни ниту во сопствениот дом. Според ова истражување, трансродовите сексуални работници се уште повеќе се изложени на насилство и маргинализација. Документирани се 26 повреди на транс жени – сексуални работнички, кои дополнително се соочуваат со насилство мотивирано од омраза поради родовиот идентитет. Во 2019 година, бројот на документирани случаи е помал. Но, тоа не се должи на позитивните промени, туку баш напротив. Според нашите искуства на терен, сексуалните работници се уште се обесхрабрени, немаат доверба во институциите и се плашат да пријават насилство“, кажа сексуалната работничка која се претстави како Моника, пренесе А1.он.
Маршот почна од кај Спомен куќата на Мајка Тереза.