Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот!

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот!

На 27.08.2026 во 21:35 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ПО Македонска Каменица лишија од слобода 23-годишна жена од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, фрлила нож кон нејзиниот свекор.

На настанот, според пријавеното во ПО Македонска Каменица, претходела расправија помеѓу жената и нејзиниот сопруг, по што 23-годишната жена прво физички ја нападнала својата свекрва, а потоа и фрлила нож кон свекорот и го удрила во ногата, по што тој ја удрил со тврд предмет.

По целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни