Семејното насилство ќе се гони по службена должност

МВР лани интервенирало во над 1.200 пријави за семејно насилство. Во невладината ЕХО помош побарале 204 жртви, бројка двојно поголема од годините пред ковид пандемијата. Во некои семејства насилствата траат со години.

Со измените во Кривичниот законик насилниците кривично ќе се гонат и без самата жртва да поднесе пријава. Воведено е и ново кривично дело за злоупотреба на интимни снимки и материјали на социјалните медиуми за заштитата од родово-базирано насилство согласно Истанбулската конвенција.