Сергеј Варошлија ја „растури“ на 1ТВ, ама само и ја качи цената, па Жаки-Блонд сега „растура“ на социјалните мрежи

Сергеј Варошлија навистина е „без влакна на јазикот“ во своите коментари при делењето модни оценки, особено за непознатите или помалку познатите личности, додека јавните фаци малку повеќе ги штеди или обратно – не го ни вади мечот, фалејќи ги на полна уста. Секако Оние кои се „во љубов со него“ или неговата екипа од телевизијата, додека оние со кои тој или неговите се гледаат „преку нишан“, не се штеди модно да ги „отстрела“ од прва.

Една од „модните мети“ на Варошлија беше и прилепчанката Жаклина Лина, или попозната како Жаки – „Блонд“, модел во неколку македонски видеоспота, едно време и ТВ водителка на „Естрада Плус“, инаку бивша девојка од зад шалтерот во една прилепска обложувалница, а сега хостеса во електронско мини казино.

Сергеј во една од своите „ТВ сеанси за модна демонтажа“ и се намерачи на Жаки – Блонд, па и буквално ја „растури“ на делови, кога се парчињата од нејзината гардероба, шминката, фризурата, комплетниот стајлинг во прашање…

„Косата како мачки да и ја тргале, како на река да ја перела со она за триење петици, не… како да ја перела во машина со варикина…“ – беа само дел од „комплиментите“ на „модниот гуру“ на сметка на прилепската барбика.

И кога сете мислеа дека Сергеј и ја „закопа кариерата“, види чудо: Варошлија можеби „ја растураше“ на ТВ, но со тоа изгледа дека само и ја качи популарноста, па Жаки – Блонд сега растура на социјалните мрежи.

Очигледен пример за непишаното правило: Зборувај за мене што сакаш, само кога веќе ме споменуваш, ставими подобра слика“! А Жаки-Блонд е слика и прилика за тоа!

Колку пооспорувана од „модниот стручњак“, толку попопуларна и попосакувана кај мажите.

Инаку, модниот критичар Варошлија повторно беше нападнат, секако поради модните критики кои ги упатува. Се работи за малолетно девојче кое било исмејувано на Тв емисија.

Овој пат тој е нападнат од родител кој тврди дека неговата ќерка има 13 години на фотографиите и не е вкусно да се коментира нејзиниот изглед. Дали некој ќе преземе правни дејствија против модниот критичар и новинар останува да видиме но сепак е малку чуствително прашање кога ќе се најдете на мета и некој и ќе ве исмејува на ТВ емисија.

Извор: Вистина.мк

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното