Сестрата на Фросина: Адвокатот на Васил планира да прикаже видео со неговото врескање на утрешната прес-конференција

Сестрата на Фросина Кулакова која загина на „Партизанска“ кога во неа удри возило управувано од 20-годишниот Васил Јованов, упати апел до сите медиуми, институции и цела јавност.

Таа во својот апел вели добиле дојава дека утре на прес-конференцијата адвокатот кој го брани Васил, Сашо Дукоски има во план да прикаже видео во кое Васил вреска над телото на загинатата Фросина.

„Добивме дојава дека адвокатот на Васил, Сашо Дукоски на утрешната прес-конференција има во план да прикаже видео во кое Васо вришти над мртвото тело на мојата сестра! Познавајќи го неговото минато и адвокатски стил, јасна е целта на Дукоски: да го очовечи убиецот на сестра ми, напиша на социјалните мрежи сестрата на 22-годишната Фросина која беше прегазена на Партизанска. Да покаже како вришти затоа што му е жал за Фросина, а тој всушност вришти затоа што знае што следи и што го чека него! Вришти затоа што знае што го чека со оглед на неговото криминално минато. Испраќам апел до сите медиуми видеото да не биде објавено, прво од почит кон починатата а потоа и кон семејството како и кон целата јавност што е веќе доволно згрозена од оваа трагедија. Па не ли беше доволно хорор“, напиша сестрата на Фросина на социјалните мрежи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното