Сезоната започна – Црна Гора туристите ќе ги пречека со ѓубре и багери на плажите!

Иако официјално летната сезона во Црна Гора започна на 1 мај, голем дел од плажите во приморските општини, со исклучок на Будва, остануваат неподготвени да ги пречекаат туристите, покажува теренската проверка на црногорскиот весник „Вијести“.

Во Тиват, Бар и Улцињ, плажите се во хаотична состојба – без лежалки, спасителски служби, бојни огради и мобилијар, додека угостителските објекти на плажите или сè уште не се отворени или се недоволно опремени. Посебно алармантна е состојбата на некогаш познатата плажа Плави Хоризонти во Тиват, каде првите капачи ги пречекаа купишта ѓубре и градежни машини.

Според извештајот, само ресортот „Луштица Беј“ целосно подготвено ја дочекал сезоната, за разлика од другите делови на тиватската ривиера, каде и понатаму се работи на т.н. „прихранување“ на плажите со песок и шљунак – пракса која екологистите ја сметаат за штетна.

Во Улцињ, од четириесетина плажи на Велика плажа, само 10% биле функционални за време на Првомајските празници. Причините лежат во нејасни договори за закуп и високи банкарски гаранции кои се бараат од закупците. Дополнителна неизвесност предизвикува фактот што арапската компанија „Eagle Hills“ ги добила деветте најголеми плажи на тендер, но сè уште не е познато дали и на кои услови ќе ги отстапи на претходните закупци.

Слична ситуација се бележи и во Бар, каде се гледаат само почетоци на подготовки, без поставени лежалки или активни содржини. Според локалните угостители, тие не можат да чекаат на долгите административни постапки, бидејќи сезоната веќе започнала.

Наспроти тоа, Будва покажува сосема различна слика. Таму летната сезона е во полн ек – плажите се опремени, угостителските објекти работат, а градот е преполн со туристи. Само за Првомајските празници, Будва ја посетиле околу 30.000 гости, благодарение и на Меѓународниот карневал.

Иако од Јавното претпријатие претходно уверуваа дека сите договори ќе бидат навреме склучени, и дека плажите ќе бидат подготвени, реалноста на теренот покажува спротивно. Инфраструктурата на голем дел од црногорскиот брег останува неуредена, а туристите се оставени сами да се снаоѓаат меѓу ѓубрето.

Овој хаос го фрла под сомнеж капацитетот на институциите да управуваат со една од најважните економски гранки на земјата – туризмот. Сезоната започна, но Црна Гора сè уште не е подготвена.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното