Шабан Салиу излегува од притвор за пожарот во Кочани – доби мерки за претпазливост

Актуелниот министер во Владата, Шабан Салиу, излегува од притвор откако истиот му е заменет со мерки на претпазливост, објави Фокус.

Салиу беше приведен на 24 април 2025 година по налог на Обвинителството, поради сомневања поврзани со неговото претходно раководење со Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), за периодот од 2008 до 2017 година, во контекст на истрагата за трагедијата во Кочани.

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува, додека Салиу ќе се брани од слобода.