Министерката по труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за ТВ21 посочи дека општините имале доволно простор за подготовката за вработувањето на дефицитот од вработени во градинките.
„Владата на својата прва седница кога ја носеше одлуката за отворање на градинките на 9 септември, препорача на општините, односно на единиците на локалната самоуправа како основачи на установите за сместување на деца, согласно правилникот за стандарди и нормативи за организирање на деца во претшколски установи, во детски градинки или установи за ран детски развој, дека тие недостатокот на кадар по основ на итни, неодложни работи треба да го обезбедат во периодов коишто следува пред нас“, истакна Шахпаска.
Министерката смета дека имало доволно простор за оваа подготовка имајќи го во предвид протоколот кој беше усвоен на 29 март, од кога градинките започнаа со подготовки за работа и со тестирање на сите вработени.
.
