Шахпаска: Сите градинки започнуваат со работа, освен две кои се нови

Новата Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за ТВ21 истакна дека согласно насоките сите градинки ќе започнат со работа од среда, освен две кои се нови.

Се вчитува...

„Во државата има 72 јавни градинки кои ќе почнат со работа освен две кои се нови и треба да стартуваат во текот на следниот месец, така да и тие ќе бидат отворени“, посочи Шахпаска.

Министерката додаде дека отворањето на градинките важи и за приватните градинки.

„Отворањето на градинките важи и за приватните градинки, доколку ги исполнуваат стандардите коишто ги предвидува протоколот, доколку се испочитуваат мерките тогаш и тие стартуваат со работа, нема дискриминација меѓу приватни и јавни градинки“, потенцираше Шахпаска.

.

Извор: ТВ21