Шакира и Пике живеат во тежок луксуз: Погледнете го нивниот прекрасен дом на Мајами Бич

Пејачката која е добитник на Греми – Шакира и нејзиниот сопруг, познатиот фудбалер Жерард Пике ја ставиле својата куќа на Мајами Бич на продажба.

За оваа огромна вила, идниот купувач ќе мора да издвои 11,6 милиони долари. Во предниот дел од куќата се наоѓаат шест спални соби и седум купатила додека во задниот дел од куќата се наоѓа голем базен покрај кој се наоѓа бар и простор за дружење со пријателите.

Во куќата се наоѓа теретана и работна соба, додека дворот е украсен со палми и прецизно средена жива ограда.

Целата куќа е уредена во светли нијанси, а најчеста е комбинацијата на бела боја и боја на дрво. Пејачката за својот дом избрала и интересни детали во колумбиски и либански стил.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното