Балкан

Шефот на кабинетот на Вјосa Османи поднесе оставка

Шефот на кабинетот на Вјосa Османи поднесе оставка

Бљерим Веља, шефот на кабинетот на претседателот на привремените институции на Приштина, денеска поднесе оставка од таа функција. Ова го потврдија во кабинетот на Вјоса Османи за порталот „Љајми“.

Засега не се познати причините за неговата оставка, но медиумите во Приштина потсетуваат дека Веља последните денови е во центарот на вниманието, бидејќи на социјалните мрежи напиша, па ја избриша објавата, дека новинарот Фахри Мусљи и Претседателот на Србија, Александар Вучиќ треба да направи полиграф и ДНК анализа.

Веља на платформата Х напиша дека му претставува чест да работи во кабинетот Османи, како и дека се враќа на професионалната ориентација и семејството.

– Би сакал да им се заблагодарам на моите колеги во Претседателството, косовските институции и меѓународните партнери за соработката. Збогум! – напиша тој на таа социјална мрежа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни