Македонија

Шекеринска: Новите бугарски барања испраќаат погрешна порака

ЕУ и САД рагледуваат различни опции за остранување на бугарското вето за почеток на преговорите, но на крајот сѐ зависи од двете земји, кои како соседи треба да бидат заинтересирани за напредок на добрососедските односи, вели министерката за одбрана Шеќеринска. Според неа, последните барања за внесување на бугарите во Уставот не помагаат за добрососедски односи.

„Изјавите во којшто се литицира постојано со некои нови бугарски барања не се од помош и дефинитивно ја испраќаат погрешната порака во ЕУ, во НАТО. Јас очекувам по изборите дел од таа реторика малку да спласне, но дефинитивно добрите меѓусоседски односи бараат инвестиција од двете страни. Како држава покажавме дека сме подготвени да работиме на добрососедски односи. Очекувам и соседите од Бугарија, тоа да го покажат“, вели министерката за одбара Радмила Шекеринска.

„Најсилната порака што САД може да ја даде сега е да се определи почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со еу пред крајот на оваа година“, изјави заменик-помошникот секретар за Европа и евроазиски прашања, Габриел Ескобар во излагањето во поткомитетот на Конгресот за Европа на Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом .

„Работиме со сите страни, со владите на Северна Македонија и Бугарија за да најдеме позитивно вин-вин решение. Исто така работиме и со нашите ЕУ партнери кои се согласуваат дека спорот мора да се реши во релативно краток временски период. Сите се согласува дека е во наш стратешки интерес, американски и европски, да ги приклучиме двете земји Северна Македонија и Албанија во еу. Се надеваме дека ова ќе се разреши навреме за да двете земји да почнат пристапни преговори оваа година“, нагласи Ескобар.

Американските конгресмени побараа Бугарија да ги почитува правата на македонското малцинство кои имаат 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права во нивна корист.

Ирина Гелевска | МРТ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни