Познатата холивудска актерка дојде во Венеција пред неколку дена, со цел да учествува како едно од главните фаци на кампањата во специјалната промоција на луксузната колекција на модната куќа Долче и Габана.
Шерон не беше единствената славна личност видена за време на промоцијата на оваа луксузна колекција, но дефинитивно беше најзабележана.
Колекцијата наречена Genesis Collection ќе се појави на пазарот малку подоцна во текот на септември, и ќе содржи парчиња дизајнирани лично од Доменико Долче и Стефано Габана.
D&G се познати по нивната комбинација на смели дизајни и светли бои, но и по своите мајсторски „целосно црни“ стајлинзи, кои често ги носи една од нивните водечки музи – Моника Белучи.
Меѓутоа, кога станува збор за стајлинзи од глава до пети во црно, викендов на модниот сет во Венеција, имавме можност да видиме како Шерон не заостанува зад саканата италијанска бринета.
