Кај шест лица досега е вградено вештачко срце, објави француската лабораторија „Карма“.
Од таму велат дека операциите се извршени кај двајца пациенти од Италија и четворица од Германија.
„Многу позитивните повратни информации за вграденото вештачко срце „Аесон“, и во комерцијален контекст и во клиничките испитувања, го зајакнуваат нашето уверување дека ова срце е вистинска алтернатива за човековото срце“, посочи Стефан Пија, извршен директор на лабораторијата.
Основана е во 2008 година, додека пак првата продажба на вештачко срце беше објавена во јули оваа година, каде тим кардиолози во болница во Неапол вградија срце кај првиот пациент.
Протезата тежи 900 грама и е потешка од вистинското срце коешто тежи 300 грама. Лабораторијата засега не ја сооштува цената, но неофицијално, таков имплант чини околу 160.000 евра, колку и вистинска трансплантација на срце со подолг постоперативен тек.