Поврзи се

Македонија

Шест месеци корона криза – Филипче: Вирусо е непредвидлив, есента носи ризици, да бидеме уште поодговорни

Published

on

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека светската здравствена криза предизвиката од ковид-19 е најголемата во последните 100 години. Оваа криза донесе тага за оние кои ги загубија своите блиски, економска неизвесност за сите нас и огромна промена во нашите животи.

-Текстот продолжува по рекламата-

Шест месеци откога се регистрира првиот случај во нашата земја, тој се заблагодари за силата и поддршката која граѓаните ја даваат во борбата со вирусот.

„Со почитување на мерките за заштита на сопственото здравје, освен што се штитите себеси и своите блиски, давате личен придонес во напорите на здравствените работници кои секојдневно се борат за секој еден човечки живот. Знам дека животот со вирусот изморува и разбирам колку е тешко што можеби работите не се онакви какви што би сакале да бидат. Но, ова нема да трае вечно. Од ден во ден, сме се поблиску до надминување на кризата.“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека треба да бидеме свесни дека ни претстои уште еден период во кој мора да се штитиме уште повеќе и уште подисциплинирано да ги почитуваме мерките.

Loading...

Филипче изјави дека есента носи многу ризици, а вирусот докажа дека е исклучително непредвидлив. Затоа, тој упати апел сите да бидеме максимално претпазливи.

„Мерките за лична заштита се јасни и веќе многу добро познати. И не се тешки за почитување, во тоа сум сигурен. Потребно е само прифаќање на реалноста и верба дека, доколку доследно се придржуваме кон нив, ова ќе помине. Дека ќе успееме, а успехот ќе биде наш, заеднички. Сакам да ве уверам дека како министер правам се што е потребно да се подготвиме за есенскиот период. Ги зајакнуваме болничките капацитети и кадарот. Новата Влада максимално ќе ги насочи ресурсите кон здравството со цел поддршка на здравствените работници и обезбедување на добри здравствени услуги за сите граѓани. Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на моите колеги – здравствените работници и сите кои неуморно работат во надминување на кризата. Вашиот труд и посветеност нема да бидат заборавени“, посочи Филипче.

.

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com