Нови огништа на политичката сцена во Грција. Пратеници од „Независни Грци“ денеска добиле закани по СМС доколку дадат зелено светло на договорот од Преспа кој треба да биде ратификуван во грчкиот парламент.
Од Обвинителството на Грција велат веќе отвориле истрага околу овој случај.

Утрово, коалицискиот партнер во грчката Влада, претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос по средбата со Алексис Ципрас рече дека ја напушта Владата.
„Му се заблагодарив на премиерот за соработката и му објаснив дека за мене, поради национални причини, соработката не може да продолжи“, изјавил Каменос кој е министер национална одбрана.
Партијата на Каменос се противи во континуитет со Преспанскиот договор и со термиот „Македонија“ и најавуваше дека нема да гласа за ратификација на Договорот за промена на името.
На денешната прес конференција, Министерот за надворешни работи Димитров, рече дека утрово по веста за повлекување на партијата на Каменос се слушнал со неговиот колега од Грција кој му кажал дека грчката Влада останува посветена на тоа Преспанскиот договор да биде ратификуван во парламентот.