Шест видови на прекумерна тежина – проверете на која група припаѓате и што треба да направите?

Добро знаеме дека не секое дебелеење е исто, како што не се исти ниту причините за истото.

Постои дебелина која едноставно е предизвикана од голем внес на калории, но постои и предизвикана од слаб метаболизам или реакција на глутен.

Научниците идентификуваа шест различни предизвикувачи на дебелеењето:

  1. Неактивност

За неактивноста е специфично дебелеењето во горниот дел од телото односно од колковите до лицето. Причината, секако, е внесување на калории, седечки стил на живот и минимално движење.

2. Дебелеење поврзано со храната

Во овој тип килограмите се фаќаат околу половината и тоа е показател за прекумерното уживање во нездравата храна – продукти полни со шеќер, сол и масти.

3. Дебелеење поради тегоби

Во третиот тип, мастите прво и најмногу се таложат на подрачјето од горниот дел на стомакот до колената, а на удар се и нозете и задникот. Според експертите, најчест предизвикувач е повременото прејадување, но и тегобите и депресијата. Имено, телото во таква состојба е во „приправност“ и на тие подрачја складира резерви. Почесто е кај жените.

4. Венски проблеми

Венската циркулација е една од причините за дебелеење која во својата основа е зависна од генетиката повеќе од животните навики. Кај собирањето на сало исклучиво во подрачјето на стомакот голема улога играат гените. Со намален проток на крв низ тоа подрачје доаѓа до забавување на метаболизмот. Работата ја влошува и уживањето во алкохолот, а вежбањето е единствено решение.

5. Атерогенско дебелеење

Кај ваквиот тип, вишокот се прима на долниот дел на телото, од задникот до нозете. Причината е исто така генетска и се сведува на лоша циркулација, а се зголемува и поради животните навики – премалку сон, помалку движење. Може да дојде и до отекување на нозете. Треба да се одбегнува кофеин и алкохол.

6. Глутенско дебелеење

Во овој тип каде салото се собира од градите до колковите, како и по задната страна на грбот. Најчеста причина е лошата реакција на глутен. Почеста е кај жените, а се појавува и во периодите на хормонални проблеми.