На Детското одделение во Општата болница во Велес било донесено починато шестогодишно дете од Градско.
Од СВР Велес информираат дека настанот бил пријавен вчера во 19:45 часот, а се работи за дете кое имало здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
По насоки на јавен обвинител, телото е дадено за обдукција.

