Шилегов: Мицкоски и Груевски глумат дека се караат како алиби за тоа што ќе поминат уставните измени

Ексградоначалникот на Скопје и член на Извршниот комитет на СДСМ Петре Шилегов тврди дека неговата нема шанси да прифати коалиција со Никола Груевски и се сомнева дека кавгите меѓу него и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се глума.

„ВМРО-ДПМНЕ како полиитичка партија е во ќорсокак и ѝ треба некое сценарио кое ќе го залепите на власта. Од каде знаете дека нема договор со Никола Груесвски за да излезе Мицкоски чист од приказната за тоа што дел од пратениците ќе ги гласаат уставните измени. Глумат дека се караат за да направат алиби за тоа што следи“, рече Шилегов во гостувањето на Канал 5 телевизија.

Прашан дали е можно сега СДСМ да коалиција за Никола Груевски рече дека тоа не е можно.

„ЈА нема таа политичка цена која СДСМ може да ја прифати за Груевски да биде наш коалиционен партнер“, дециден е Шилегов.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното