Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 вели дека смрдеата која се шири во Ново Лисиче доаѓа од Вардариште.
„Дефинитивно доаѓа смрдеата од таму… Неколку децении во минатото некој одлучил дека крајбрежјето на Вардар, во делот карши Ново Лисиче познато како Вардариште, депонија за комунален отпад којашто е користена повеќе децении, таму е таложено комунален отпад без да биде соодветно третиран“, посочи Шилегов.
.
