4NEWS.mk

„Шкода“ го најави изгледот на новата, хибридна „Октавија“

„Шкода“ ги објави првите официјални скици од новата, четврта генерација на „октавија“, која ќе има светска премиера на Автосаемот во Женева во март.

„Октавија РС иВ“ е првиот модел на чешката компанија кој ќе има и хибридна верзија, при што европските купувачи ќе можат да избираат помеѓу караван и класично издание со пет врати.

Хибридната верзија ќе го дели погонот со „голф ГТЕ“ и „купра леон“, што значи 1,4-литарски бензинец и електромотор со батерија од 13 киловат-часови, што ќе даваат 242 коњски сили. Само на електричен погон, таа ќе може да помине 55 километри.

„Шкода“ засега не понуди увид во внатрешноста на автомобилот, ниту потврди дека ќе има бензинска и дизел верзија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни