Во Собранието на Црна Гора дојде до судир после кој црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат подгоричките медиуми, побегнал од салата.
Седницата е прекината и претседателот на Собранието на пратениците им даде пауза.
Сите 17 пратенизи од опозицискиот црногорски Демократски фронт (ДФ) се уапсени ноќеска, по инцидентот во Собранието на Црна Гора. Пратеникот на ДФ Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници на ДФ се добро.
Погледнете ја снимката:
Во црногорскиот парламент ноќеска дојде до инцидент при гласањето за амандманите на ДФ на предложениот Закон за слобода на вероисповедта за која сметаат дека е насочена против Српската православна црква (СПЦ).




