Шокантни тврдења: Податоците за бројот на дијабетичари се дискредитирани, граѓаните купуваат лекови на црно во соседството

Македонија се соочува со сериозен проблем во водењето на националниот регистар за дијабетес. Димче Велев за 4tv.mk појасни дека постојните бројки на Институтот за јавно здравје се „комплетно дискредитирани“ и не се совпаѓаат со податоците од системот „Мој термин“ или меѓународните институции. Според него, во државата има околу 140.000 лица со дијабетес, но недостасуваат прецизни податоци за компликациите и новодијагностицираните случаи, што го прави планирањето на набавките речиси невозможно.

Поради овие недостатоци, пациентите се принудени да се снабдуваат од црниот пазар или да патуваат во Србија, Бугарија и Грција. „Една третина од домашниот буџет ни оди за помагала и терапија, а во соседните земји лековите се поевтини за најмалку една третина отколку во Македонија,“ изјави Велев за 4tv.mk. Тој нагласи дека купувањето сензори од странство е ризично бидејќи пациентите немаат никаква гаранција доколку уредот не функционира правилно.