Германија ќе ја преживее зимата доколку граѓаните, компаниите и политичарите продолжат да се прилагодуваат на променетата енергетска ситуација во земјата . Ова го изјави канцеларот Олаф Шолц, цитиран од Ројтерс.
Среќен сум што можам да ви кажам денес: „Ако сите продолжиме да се прилагодуваме на променетата ситуација – граѓаните, компаниите и политичарите – тогаш безбедно ќе ја поминеме оваа зима“, рече тој на конференција.
Шолц додаде дека Германија е речиси на целта да има 95 отсто полни складишта за гас.
Потсетуваме дека Русија ги намали испораките на гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1. Минатиот месец имаше неколку експлозии кои предизвикаа истекување на гас од цевководите Северен тек 1 и Северен тек 2 , со што нивната идна употреба беше доведена во прашање . Германија беше принудена да преземе мерки за намалување на потрошувачката. Меѓу мерките што ги воведе земјава се и намалувањето на греењето на јавните објекти и исклучувањето на осветлувањето на јавните места.