Свет

Шпанија најавува 3,76 милијарди евра нова помош за Валенсија по поплавите

Шпанија најавува 3,76 милијарди евра нова помош за Валенсија по поплавите

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави помош од 3,76 милијарди евра, како дополнителни мерки за обнова на регионот Валенсија, кој во октомври беше погоден од најсмртоносните поројни поплави во модерната историја на Шпанија, објави Ројтерс.

Има уште улици што треба да се исчистат, гаражи што треба да се исцедат, има многу инфраструктура што треба да се санира и пред се многу животи, многу домови и многу работни места треба да се вратат во нормала, изјави Санчез на новинарите по состанокот на владата во неделата.

Пакетот, кој предвидува 110 мерки, ја проширува помошта и за изнајмување на станови, а вклучува пакет од 500 милиони евра за отстранување на калта во погодената област, како и 200 милиони евра за помош на земјоделците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни