Свет

Шпанија повторно во опасност: Портокалово предупредување за обилни врнежи и бури

Шпанија повторно во опасност: Портокалово предупредување за обилни врнежи и бури

Ново предупредување за граѓаните само две недели по разорните поплави во источна Шпанија, издадоа метеоролошките служби, истакнувајќи дека се очекуваат нови катастрофи со доаѓање на обилни врнежи и ниски температури.

Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување за делови од регионите Валенсија, Каталонија и Андалузија, како и за Балеарските острови, јави Би-Би-Си.

Аемет предупредува на дождови и бури кои би можеле да бидат многу силни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни