Неодамнешните истражувања укажуваат на многу придобивки за човечкото тело. И затоа – јајцата на маса!
Заштитете го вашиот мозок
Фосфолипидите, кои обезбедуваат нормална комуникација на мозочните клетки, се состојат од колин. Докажано е дека овој витамин е најважниот градежен материјал на мозокот. Ако јадете две јајца на ден, вашето тело добива доволно хранливи материи. Недостатокот на колин доведува до слаба меморија.
Го чуваат видот
Новите истражувања покажале дека пилешкото јајце е богато со лутеин. Оваа супстанца е одговорна за јасен и остар вид, а неговиот недостаток доведува до послаб вид.
Витаминот Д помага во апсорбција на калциумот
Лажица рибино масло и едно јајце имаат еднаква количина на витамин Д, а овој витамин ги зајакнува коските и забите.
Витамини од комплексот Б ја штитат кожата, мозокот, косата и црниот дроб
Биотинот, витаминот Б12 и дигестивните хранливи протеини придонесуваат за зајакнување на косата и кожата. Фосфолипидите кои ги има во пилешкото јајце го поттикнуваат отстранувањето на токсините од црниот дроб.
Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести
И покрај претходните мислења, новите истражувања покажале дека холестеролот од јајца е балансиран со фосфатиди, па затоа не е штетен за нашето здравје. Јајцата, исто така, содржат омега-3 киселини кои го намалуваат нивото на триглицеридите, со што се намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања.
Помагаат во намалување на тежината
Американските научници дошле до заклучок дека, ако комбинирате нискокалорична диета и јајца за појадок, губите тежина двапати побрзо. Овој појадок ќе ве засити и ќе ви овозможи да го намалите внесот на храна во текот на денот.
Го намалуваат ризикот од рак
Колинот, кој е од суштинско значење за мозокот, исто така, го намалува ризикот од рак. Според резултатите од истражувањето, за жените чија секојдневна исхрана во адолесценцијата вклучувала јајца, ризикот од развој на рак на дојка се намалил за 18 проценти.
Го забавуваат стареењето
Ова е очигледно од истражувањето спроведено од холандските научници. Кај 87 проценти од жените на возраст меѓу 35 и 40 години, пигментациските дамки исчезнале, а кожата станала позатегната. Кај мажите, брчките околу очите биле значително намалени.
Бонус видео: