Американскиот шпионски авион „Боинг“ П-8А Посејдон беше во областа над брегот на Црното Море за време на ракетниот напад на Украина врз Севастопол рано денеска. Според изворите, леталото почнало да се движи кон Црното Море речиси истовремено со почетокот на нападот врз седиштето на Црноморската флота во Севастопол.
Ваквите авиони редовно се распоредуваат во близина на брегот на Крим, заедно со извидувачките беспилотни летала RK-4 Global Hawk и авионите за рано предупредување Е-3А Сентри на американските воздухопловни сили. Да потсетиме, Русија неколку пати тврдеше дека американската армија на украинските сили им ги обезбедува координатите на целите, Украинците гаѓаат проектили само кога ќе добијат податоци од САД.
‼️🇺🇸🇷🇺🇺🇦 The US Navy P-8A Poseidon aircraft began moving to the Black Sea almost simultaneously with the start of the attack on the headquarters of the Black Sea Fleet
Of course they are in on it … https://t.co/K2lqxW01Ce pic.twitter.com/A3ETxsz6hq
— Lord Bebo (@MyLordBebo) September 22, 2023
За ова на почетокот пишуваше и „Вашингтон пост“, посочувајќи на подлабоката и пооперативно активна улога на Пентагон во руско-украинскиот конфликт. Оваа информација ја потврдија тројца високи украински функционери и еден Американец, а практиката се спроведува откако се користи американскиот високомобилен ракетен систем Химарс и слично високопрецизно наведувачко оружје, како што се повеќецевните ракетни системи М270. во Украина, од кои секоја истрелува ракета од американско производство што може да помине и до 80 километри.
‼️🚨 MISSILE STRIKE CRIMEA:
Destroyed wing of the Black Sea Fleet headquarters in Sevastopol. pic.twitter.com/TnOQQFLmvq
— Lord Bebo (@MyLordBebo) September 22, 2023
Москва тврди дека украинските сили речиси никогаш не лансираат напредно оружје без специфични координати обезбедени од американскиот воен персонал од базите во други делови на Европа, „начин на операција“ што треба да му даде доверба на Вашингтон дека ќе продолжи да испраќа оружје со поголем дострел до силите на Киев.
Да потсетиме, на небото над Црното Море во последните месеци се забележани рекорден број шпионски авиони од земјите на НАТО.
Северноатлантската алијанса, во екот на откажувањето на иницијативата за жито во Црното Море, одлучи да го засили извидувањето во регионот на Црното Море, се наведува во соопштението на советот НАТО-Украина на крајот на јули.