Што прави и колку заработува првата дама на Црна Гора? – Милена Милатовиќ е вработена на важна функција

Сопругата на Јаков Милатовиќ привлече големо медиумско внимание, а еве што прави таа.

Јаков Милатовиќ вчера победи на претседателските избори во Црна Гора, а најголема поддршка му даде сопругата Милена Милатовиќ која цело време беше покрај него.

Тие двајца веќе неколку години уживаат во хармоничен брак, а круна на нивната љубов се нивните три деца – Сара, Ана и Давид.

За време на кампањата и изборите, Милатовиќ цврсто стоеше покрај својата партнерка Милена. Бројни регионални медиуми пишуваа за новата прва дама на Црна Гора, која пред два месеци го роди своето трето дете.

Милена Милатовиќ е вработена во црногорскиот електропреносен систем, каде е директор на Секторот за финансии и економски прашања, а на тековната сметка има нешто повеќе од 3.000 евра.

На Инстаграм на Милатовиќ може да се најдат неколку семејни фотографии и снимки, додека Милена ретко објавува слики на социјалните мрежи

Според податоците од имотната карта од 2021 година, Милатовиќ е сопственик на стан од 46 метри квадратни. Со сопругата Милена е косопственик и на стан од 68 метри квадратни.

Милатовиќ има 85.000 евра во пензискиот фонд, а 7.000 евра на тековната сметка. Сопругата на Милатовиќ има нешто повеќе од 3 илјади евра на тековната сметка, а во декември минатата година заработила 909 евра, пишува Index.hr.

Милена стана позната по својот елегантен стил и никогаш не сме ја виделе со премногу шминка. Нејзиниот најубав додаток е широката насмевка која никогаш не го напушта нејзиното лице.

Милатовиќ на својот Инстаграм профил повремено споделува семејни фотографии од разни патувања и други убави пригоди. На некои од политичките собири тој не само со сопругата Милена, туку и со своите деца, а тие се дел и од промотивните видеа во неговата кампања.

-Милена, јас и децата сме навикнати да пазаруваме во пазар за викенди, а потоа заедно да подготвуваме ручек. Тоа е наш семеен ритуал, напиша еднаш Јаков на Инстаграм.