Вечното прашање кое си го поставуваат момчињата за кое нема едноставен одговор е „Што сакаат девојките?“ Слични, а сепак различни, девојките сакаат многу работи. Еве само еден дел од тие работи…
Девојките сакаат:
- цел ден да го поминат во пижами
- да пијат кафе секое утро
- да добијат бакнеж на челото
- момчиња кои мирисаат убаво
- распродажба во нивната омилена продавница
- да фотографираат
- момчиња кои умеат да ги насмеат
- маскара
- кога во продавница го имаат нивниот број од омилените чевли
- чоколадо
- преспивање кај другарките
- картичка за купување од Victoria’s secret
- шопинг во Њујорк
- кога омилените фармерки совршено им одговараат
- купки што мирисаат убаво
- да се облекуваат убаво за да се чувствуваат подобро
- да добијат порака за добра ноќ
- да пеат гласно додека возат автомобил
- бакнежи додека врне
- момчиња кои имаат смисла за мода
- да имаат цела колекција шминки
- да пијат коктели
- да добиваат честитки за Денот на вљубените
- да ги запишуваат интересните моменти во дневник
- да доживеат моменти за паметење
- долги и бавни бакнежи
- да пишуваат СМС-пораки и да одат во исто време
- сосема да „откачат“ на журки
- да добијат неочекувана порака од некој што им недостасува
- кога за прв пат од момчето ќе ги слушнат зборовите „Те сакам“
- да добијат букет цвеќе од некој што многу им значи
- постојано да пробуваат некоја нова боја на лак за нокти
- црвен кармин
- кога ќе застанат пред огледало само во долна облека и ќе се потсетат колку убаво изгледаат
- да отпатуваат на некој остров
- кога нивната коса е совршена иако не одат никаде
- да го гледаат зајдисонцето
- да имаат романтична вечера на плажа
- постојано да купуваат високи потпетици
- одмор со пријателките
- долга коса
- да бидат совршено облечени и нашминкани
- секогаш да носат чанта
- неочекувани бакнежи
- чоколадни палачинки
- кога ќе слушнат песна која целосно ги опишува нивните чувства
- шолја кафе и интересно списание
- да добијат неочекуван подарок од момчето
- да планираат што ќе облечат наредниот ден
- да имаат колекција парфеми
- да имаат илјадници пара чевли
- помфрит
- да имаат рамен стомак
- да бидат модели
- кожни јакни
- ефект на „зачадени очи“
- животински дезени
- интересни шноли
- да ја гледаат омилената серија
- да потемнат кога одат на одмор
- љубовни писма
- да ја запознаат славната личност за која фантазираат
- вечерни прошетки на плажа
- свежи крофни
- да имаат беспрекорна кожа…