ШТО СЕ МЕНУВА ВО ЛУВР: Ја копаат салата под Плоштад, градат нов влез, странците плаќаат поскапа карта

Францускиот претседател нагласи дека „Лувр ќе биде обновен и зголемен“.

Емануел наредил да се изгради посебна сала под централниот плоштад на Лувр посветена на Мона Лиза. Оваа сала ќе функционира автономно и ќе бара посебен билет.

Макрон истакна дека условите за посетата ќе бидат многу подобри и дека „Џоконда тоа го заслужува“. Токму поради ремек-делото на Леонардо да Винчи најголемиот дел од посетителите доаѓаат во овој музеј.

Ќе се изгради и посебен голем влез за растеретување на гужвите. Макрон го нарече „преродба на Лувр и сцена во животот на француската нација“.

– Културата и уметноста се порака што Франција може да ја испрати до светот. Тоа е политичка борба – рече Макрон, одговарајќи на прашањето што си го постави, поради што сега зборува за Лувр кога светот „оди во сите правци“, а во земјата се води жестока дебата за буџетот.

Тој посочи и дека реставрацијата на музејот ќе се плати од буџетот на Лувр. Се проценува дека може да изнесува 500 милиони евра.

Францускиот претседател реши да и се обрати на јавноста по неодамнешното привлекување на вниманието од директорката на Лувр, Лоренс де Кар, која ја алармира јавноста за лошата состојба на најголемиот музеј во светот.

Таа, меѓу другото, истакна дека има голема гужва во салите, дека нема доволно простор за освежување и одмор на посетителите, дека има загрижувачка варијација на температурата во салите што ги загрозува делата, како и како што продира таа влага.

Лоренс де Кар, исто така, изјави дека пирамидата, која служи како влез и е изградена во 1989 година и контроверзно додадена на комплексот згради подигнат пред неколку векови, е „негостопримлива“, дека е жешко во лето под нејзиното стакло и дека нема доволно капацитет бидејќи беше планирано за четири до пет милиони посетители, а сега има девет милиони.

Исто така, влезот во познатиот музеј ќе чини повеќе за жителите надвор од Европската унија. Ова е една од пораките на францускиот претседател Емануел Макрон, кој од музејот и се обрати на јавноста, најавувајќи промени и реновирање. Поскапите билети за посетителите кои не се членки на ЕУ треба да стапат на сила од 1 јануари следната година.

Макрон и се обрати на јавноста од говорницата поставена пред Мона Лиза.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното