Свет

Швајцарија потпиша за 36 американски борбени авиони Ф-35

Швајцарија потпиша за 36 американски борбени авиони Ф-35
MP18-0449 F-35 1st UK arrival RAF Marham -- RAF Marham -- Thinh D. Nguyen/Lockheed Martin

Швајцарија потпиша контроверзен договор за купување на 36 американски борбени авиони Ф-35 во вредност од повеќе од 6 милијарди франци (6,2 милијарди долари).

„Националниот директор за вооружување Мартин Зондерегер и швајцарскиот програмски менаџер на Ф-35А Дарко Савиќ го потпишаа договорот за купопродажба на 19 септември 2022 година во Берн“, соопшти тамошната Агенција за набавка на оружје: „Со ова е договорена набавка на 36 авиони Ф-35А“.

Изборот на швајцарската влада на Ф-35 во јуни 2021 година предизвика контроверзии, особено во светлината на пречекорувањето на трошоците за програмата на американските борбени авиони.

Швајцарската влада и парламентот го спречија референдумот за купување на авионот, иако беа собрани доволно потписи за прашањето да им се стави на гласачите, велејќи дека немало доволно време за тоа пред да истече понудата на производителот Локхид Мартин. Но, швајцарските гласачи веќе тесно одобрија во септември 2020 година да потрошат 6 милијарди швајцарски франци за да ја заменат застарената флота на земјата од авиони F/A-18 Hornet и F-5 Tiger.

Борбените авиони Ф-35 ќе бидат испорачани меѓу 2027 и 2030 година.

Швајцарија се придружува на се поголемиот број европски земји кои се одлучија за повеќенаменски стелт ловец, вклучувајќи ги Белгија, Велика Британија, Данска, Финска, Италија, Грција, Германија, Холандија, Норвешка и Полска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни