Сиљановска-Давкова го одложи предлогот за нов гувернер на Народната банка

Предлогот за нов гувернер на Народната банка се одложува. Според информации од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, таа вчера остварила разговори со кандидатите и најавила дека ќе направи дополнителни анализи пред да го испрати предлогот до Собранието.

Од Кабинетот на претседателката велат дека тоа и го дозволува законот и дека тоа што предлогот ќе биде доставен за некој ден нема да влијае врз работата на институцијата затоа што до изборот на нов гувернер, функцијата ја врши актуелниот гувернер. 

Меѓу кандидатите кои се споменуваат за оваа функција се актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески. 

И од Собранието утринава информираа дека досега не е пристигнат предлогот за гувернер. 

Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното