Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати сочувство до семејствата на жртвите од Црна Гора.
Како што вели, нејзините мисли се со нив.
„Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските погодени од трагичното масовно пукање во Цетиње, Црна Гора. Моите мисли се со жртвите, нивните семејства, народот на Црна Гора и сите оние кои беа погодени во ова неверојатно тешко време“, напиша Сиљановска.