Претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека е горда на нашите ракометари за нивниот настап на СП во Вараждин.
„Горда сум, а верувам дека сте и вие, на нашите ракометари кои покажаа нескротлива борбеност и нескршлив дух и извојуваа значајно реми. Светското првенство во ракомет го почнавме како вистинска ракометна сила, рамноправен противник на најдобрите. Повторно докажавме дека нема големи и мали држави во спортот и дека спортската стаменост, решителност, посветеност и храброст се победнички адути. Македонската публика со френетичното навивање им влеваше вулканска енергија на нашите ракометари, туркајќи ги кон победа. Верувам во нивната сила, им посакувам витешка игра во следните натпревари и заслужен успех. Моите мисли и емоции се со нив!“, вели Сиљановска Давкова.