Сиљановска за трагедијата: Ова е нешто кое морало однапред да се предвиди!

Се огласи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод страшната трагедија во Кочани, во која животот го загубија најмалку 51 лице според официјалните информации од МВР.

Давкова беше во посета на повредените во градската болница „Св. Наум Охридски“ во центарот на Скопје, и потоа даде изјава за медиумите.

„Што можам да споделам? Надеж, потоа болката, млади луѓе се тоа, треба да ги охрабри дека ќе се спасат. Голема трагедија, не можам да поверувам како се случило, според првите информации пиротехника. Ова е нешто кое морало однапред да се предвиди“, рече Сиљановска-Давкова.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното