Силен дожд го поплави шпанскиот остров Ланзароте

Стотици куќи и патишта во Ланзароте се поплавени по обилните дождови кои вчера ги зафатија Канарските Острови.

Владата на Ланзароте прогласи вонредна состојба во текот на ноќта, откако на популарната дестинација за само два часа паднаа шест сантиметри дожд на метар квадратен.

Шпанските власти соопштија дека нема повредени, а вонредната состојба е укината утринава.

Шефот на итната служба на Ланзароте изјави за локалните медиуми дека некои куќи се потопени, додека пороите зад себе оставиле „големи количини кал“.

Канарските острови се особено ранливи на поплави за време на интензивни дождови, бидејќи земјата не апсорбира големи количини на вода поради сувата клима и вулканските карпи.

Бурата Оливер, која изминативе денови помина над Канарските Острови, континентална Шпанија и Португалија, донесе со себе силен дожд.

Метеоролошката служба на Шпанија издаде предупредувања за многу области на земјата од недела до вторник, вклучувајќи бури на североисток, дожд на Балеарските острови и ветрови долж северниот и јужниот брег.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното