Свет

Силен дожд предизвика поплави во Измир

Силен дожд предизвика поплави во Измир

Силен дожд предизвика поплави во округот Измир, западна Турција, јавува турската приватна телевизија НТВ.

Поплавени се улици и булевари во градовите Конак, Балчова и Борнова, а многу автомобили се заглавени на коловозот. Граѓаните со сопствени сили се обидоа да ги истуркаат своите автомобили од водата, а поголемите возила мораа да се извлекуваат со специјализирана опрема.

Дождот во областа синоќа се засили, но се очекува да продолжи со прекини до денеска напладне, додава телевизијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни