Силен земјотес со јачина од 5 степени ја погоди Кина

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21 часот во областа на јужната провинција Синџијанг во Кина.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 38,4167 и географска должина 76,4043.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното