Земјотрес со јачина од најмалку 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Иран во средата, а иранските државни медиуми објавија дека околу 580 лица се повредени. „Околу 580 луѓе се повредени во овој земјотрес досега и за среќа никој не ги загубил животите“, изјави Мохамад Хасан Нами, шеф на државната агенција за управување со кризи, цитиран од официјалната новинска агенција ИРНА.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хоја во провинцијата Западен Азербејџан. Земјотресот се случил на околу 11,6 километри од Хој, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт, со јачина од 5,7 степени.
Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени и во близина на граничната област на Ерменија, Азербејџан и Иран. Иранските медиуми јавија за јачина од 5,4 степени. Големи геолошки раседи го пробиваат Иран, кој беше погоден од разорни земјотреси во последните неколку години.