Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска северна Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт (АГИ). Властите не пријавија жртви или сериозна материјална штета.

Според АГИ, земјотресот е регистриран во 06:55 часот (локално време; 23:05 часот по македонско време), во морската област кај островот Целебес (познат и како Сулавеси).

Индонезиската метеоролошка агенција од своја страна ја процени јачината на земјотресот на 6 степени и ја отфрли можноста да предизвика цунами.

Жителите на соседната провинција Северна Келибија изјавија дека ги фатила паника кога се случил земјотресот.

Огромниот индонезиски архипелаг доживува честа и интензивна сеизмичка и вулканска активност поради неговата географска локација на таканаречениот Огнен прстен на Пацификот.

Во јануари 2021 година, земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер остави над стотина мртви.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното