Силен земјотрес вечерва ја погоди Грузија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грузија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од еден километар.

Епицентарот на земјотресот бил на 74 километри јужно од градот Кутаиси, кој има 174.000 жители.

Засега нема информации за материјална штета.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното