Свет

Силно невреме со град ги погоди централна Словенија и Љубљана

Силно невреме со град ги погоди централна Словенија и Љубљана

Силно невреме со град ги погоди централна Словенија и главниот град Љубљана, областа Врхника и областа од Лог при Брезовица до населбата Бевка, објавија денес словенечките медиуми.

Како што објавува порталот Neurje.si, невремето започнало во саботата попладне, а силните ветрови корнеле покриви и кршеле дрвја, објавува РТВ Словенија.

Порталот Метеоинфо Словенија објави на Фејсбук дека градот бил со големина на орев, дека на некои места нападнала голема количина што морала да се отстрани со лопати, а се верува дека бурата предизвикала штета и на земјоделските парцели.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни