Силно невреме го погоди Бургас. Силните налети на урагански ветрови, на некои места кои достигнуваат брзина од 100 км/ч, соборија десетици дрвја, урнаа автомобили и однесоа покриви.
Според последните информации од регионалната администрација, состојбата е најлоша во Поморие. Улиците се поплавени, струјата е исклучена, а главните сообраќајници се блокирани. Градоначалникот на Поморие го повика кризниот штаб.
Паднатите дрвја го затворија патот Сарафово – Бургас каде беа блокирани десетици автомобили.
На видеата испратени до bTV се гледаат скршени чадори во рестораните и на плажите.
Регионалниот центар добил дојава за едно лице кое паднало преку бродот во Поморие, додека пак невремето одвлече десетина јахти во морето.
Пријавено е и едно семејство заглавено на островот Света Анастасија, каде што отишле на прошетка.
Нема пријави за повредени лица, пријавил дежурниот во општина Бургас.
Неколку села се без струја.
Поради силниот ветер паднаа далноводи.
Автомобил се заглави откако два далноводи паднаа на патот кај селото Лака во правец кон Бургас.
Голем сообраќаен метеж е создаден и на влезот во Бургас.