Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Силното невреме го демолираше кровот, базенот „Борис Трајковски“ целосно затворен

Силното невреме го демолираше кровот, базенот „Борис Трајковски“ целосно затворен

Големото невреме проследено со олуен ветер и пороен дожд кое вчера го зафати главниот град остави сериозни последици врз клучната градска инфраструктура.

Меѓу објектите кои претрпеа најголеми оштетувања е и Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Од менаџментот на спортскиот центар денеска итно ја информираа јавноста дека пливачкиот базен претрпел огромна материјална штета и до понатамошно известување ќе биде целосно надвор од функција.

„Поради невремето кое во текот на вчерашниот ден го зафати Скопје, причинета е голема материјална штета на кровот на базенот и истиот нема да биде во функција. Благодариме за разбирањето“, се вели во официјалното соопштение упатено до корисниците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни