4NEWS.mk

Симпатичен дедо (98) не сака да чуе за пензија: Се вратил да работи во маркет и не прави паузи додека е на смена

Бартоломео Бени Фичето оваа недела полни 98 години, но него пензија не го интерсира.

И натаму работи во продавница во Едисон, во Њу Џерси, а негова задача е на купувачите во кеса да им ги пакува продуктите.

„Мора да уживате во својата работа, мора да уживате во тоа што го работите. Гледам луѓе како трчкаат наоколу и велат: ’Леле морам да одам на работа!’ Тоа е смешно“, изјави Бени.

Бени не се жали на работата, напротив, се надева дека ќе може да работи уште една смена.

Симпатичниот старец отсекогаш напорно работе.л. На 19 години и се приклучил на војската и учествувал во Втората светска војна како пилот. Подоцна работел неколку различни работи и заминал во пензија на 80 години. Меѓутоа, енне можел да престане да работи па пред 10 години се вработил во продавница. Работи две смени неделно по 4 часа.

Неговиот шеф тврди дека уживаат во неговото друштво и дека има одлична смисла за хумор. Бени на работа никогаш не одмара зошто тврди дека тоа е губење време.

Бидејќи Бени е нешто како локален херој, луѓето одлучија да го наградат така што му приредија журка за роденденот.

Кога дошол до маркетот, го дочекаат пријатели од работа и му пееле. Изненадениот Бени на сите им се заблагодарил и потоа ги послужил со торта по што брзо се вратил да работи зошто “не сака паузи“.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни