Син пукал со пушка кон мета во скопско Брест, не ја видел мајка му дека поминува и ја погодил во нога!

На 14.11.2025 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со прострелна рана на десната нога е донесена Љ.И.(46) од Скопје.

Како што пријавил нејзиниот син Д.И.(21), на 13.11.2025 околу 17:00 часот во нивната викенд куќа во с.Брест, скопско, пукал со воздушна пушка во мета и не ја забележал неговата мајка Љ.И., која поминувала пред него, по што ја погодил на ногата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.